Клоп испрати луѓе во Милано да ја завршат зделката!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во последните недела дена имаше доста приказни околу потенцијалниот трансфер на Жофри Кондогбија во Ливерпул.

    Денеска, нова приказна.

    Јирген Клоп изгледа, е многу заинтересиран за во своите редови да го види Жофри Кондогбија, фудбалер на Интер.

    Според пишувањата на Дејли Стар, тој денеска испратил неколку луѓе од својот клуб во Милано на преговори околу овој последен играч за врска, а се верува дека Ливерпул е спремен да понуди околу 35 милиони евра за овој фудбалер.

    Во претходните денови се зборуваше за овој трансфер, а во таборот на Интер беа незаинтересирани за вакво нешто.

    Менаџерот на Жофри Кондогбија истакна дека постојат заинтересирани клубови, но малку кој претпоставуваше дека се работи за Ливерпул кој на таа позиција има неколку врвни фудбалери.