Клоп повторно гледа кон Бундеслигата, сака одличен плејмејкер!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јирген Клоп пополека се подготвува за зимскиот преоден рок во кој рече дека ќе купува фудбалери поради повреди и отсуство поради поедини играчи.

    Германскиот стручнак во Ливерпул е во потрага за уште едно решение на средината на теренот во Германија.

    Јирген Клоп многу добро знае за сите квалитети кои ги поседуваат поедини играчи во Бундеслигата, а многу добро знае за квалитетите на Макс Мејер, младиот фудбалер на Шалке.

    Денеска голем број на медиуми пренесуваат вест дека Ливерпул е многу заинтересиран да го види ова момче на Енфлилд, а се очекува и официјална понуда во оваа зима.

    Мејер во ова лето беше на мета на Тотенхем, но трансферот не се случи.

    „Знам дека имаше заинтересирани клубови, но Шалке стопираше се. Го сакам Шалке и сакам да играм за овој клуб“, рече Мејер во претходното лето.
    Дали ситуацијата ќе биде подруга во овој јануари?