Клоф трагичар на натпреварот – МЗТ поразен од Морнар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје беа поразени на гости од Морнар со 65:64 во натпревар од тринаесетото коло од АБА лигата.

Првата четвртина лошо ја отворија аеродромци, 6:1. Успеаа да направат пресврт и за прв пат на натпреварот да имаат водство, 12:13, но ја загубија со 17:13. Една голема серија пред крајот на првото полувреме направија кошаркарите на Морнар и имаа двоцифрена предност, 37:27. Првото полувреме домашните го добија со осум поени предност, 37:29. Во последните десет минути од натпреварот кошаркарите на Морнар влегоа со двоцифрена предност, 56:45. Одлично ја одиграа последната четвртина аеродромц на три минути пред крајот на натпреварот да намалат на 4 поени, 61:57. Со двете погодени слободни фрлања на Диабате, МЗТ намали на 63:61. Домашните не погодија, а Ѓорѓе Дреновац промаши за три поени. Кошаркарите на Морнар изведуваа аут, а Дреновац ја украде топка по која веднаш беше фаулиран. Дваесет секунди пред крајот на натпреварот со погодените две слободни фрлања го израмни резултатот, 63:63. МЗТ одиграа лошо во одбраната, а тоа го казни Џонс кој погоди за 65:64. Клоф беше фаулиран и погоди едно слободно фрлање за конечни 65:64.

Волер со 11 поени го предводеше тимот на Морнар до победа. Џонс додаде 10 поени. Лалиќ и Клоф со по 14 поени беше најефикасни во тимот на МЗТ, а двоцифрен на натпреварот беше и Дреновац кој постигна 10 поени.

МЗТ во следното коло во Јане Сандански ќе ја пречека Црвена Звезда.