Клубот прифатил 50 милиони евра, младиот Италијанец го одбил трансферот во Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Штом се појавија шпекулации дека Челси го сака 21 годишниот Барела, неговиот Каљари одреди сума од 50 милиони евра.

Сега Тутомеркатовеб соопшти дека Челси бил спремен да потроши значајна сума на пари оваа зима, и испратиле понуда до Каљари вредна токму 50 милиони евра.

Каљари бил спремен да го продаде својот талентиран играч, а од друга страна Челси спремил богат петгодишен договор, но сепак младиот фудбалер одлучл да го одбие трансферот.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека тој сакал да остане на Сардинија поради фамилијарни причини.

Меѓутоа, се очекува на лето да почне вистинска „трансфер лудница“ бидејќи освен Челси за Барела се заинтересирани и Интер, Наполи и Јувентус.