Кожув по втор пат го победи Фени Индустри


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Кожув во Јасмин го победија Фени Индустри во натпревар од БИБЛ, 69:70.

Кожув фантастично влезе во натпреварот, серија од 0:10. Серијата на гевгеличани ја прекина Шарабидзе, 3:10. Марковски и Николовски намалија на пет поени негатива, 7:12. Со тројката на Мек Нил, Кожув после првите десет минути играше имаше водство од седум поени, 13:20.

Шарабидзе на почетокот на втората четвртина постигна четири поени во низа 17:22. Кошаркарите на Кожув се разиграа, па направија серија од 12 поени, 17:34. Домашните постигнаа седум поени во низа и намалија на десет негатива, 24:34. На полувреме гостите од Гевгелија имаа 11 поени предност, 26:37.

Гостите добро ја почнаа третата четвртина, серија од 8 поени за 29:47. Стајиќ со четири поени во низа една минута пред крајот на претпоследниот дел од натпреварот намали на 12 негатива, 41:53. Брзите четири поени во низа на Николовски ја намалија негативата на едноцифрена, 45:54 со кои и влезе во последните десет минути од натпреварот.

Кавадарчани преку Ѓекиќ и Марковски стигнаа до четири поени негатива, 50:54. Три минути пред крајот на натпреварот Кожув имаше водство од шест поени, 57:63. Петровски погоди три од три слободни фрлања за негатива од два поени, 63:65. Ѓекиќ една минута пред крајот на натпреварот намали на еден негатива, 65:66. Фени во последната минута од натпреварот го презеде водството, 67:66. Хал погоди за два и го врати водството на Кожув, 67:68. Чешковиќ возврати со два за минимална предност на кавадарчани, 69:68. После тајм-аутот Хал погоди за 69:70, а на другата страна Петровски промаши шут за победа, па Кожув се радуваше.

Ѓурасовиќ со 15 поени го предводеше Кожув. Мијовиќ додаде 14, Димчевски и Хал по 12 поени. Кај Фени најефикасен беше Чешковиќ со 16 поени. Двоцифрен натпреварот го заврши и Петровски кој постигна 13 поени.

Трета победа за Кожув, а четврти пораз на Фени Индустри во главната групна фаза во БИБЛ.