Колку на Пари Сен Жермен недостасува Ибрахимовиќ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалер на Пари Сен Жермен Максвел рече денеска дека тој клуб почна да се опоравува од заминувањето на Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ е еден од најдобрите играчи во историјата на Пари Сен Жермен, постигна 156 голови во 180 натпревари, освои четири шампионски титули во Франција, два Купа и три Лига купови.

Тој во минатото лето како слободен играч го напушти парискиот клуб и премине во Манчестер Јунајтед и неговото отсуство се почувствува во екипата на Унаи Емери.

„Пари Сен Жермен без Ибра е многу подруг од Пари Сен Жермен со Ибра. Ни недостасува неговиот квалитет на теренот и лидерството надвор од теренот. Неговото заминување е голем удар за нас“, рече Максвел за радио Кадена Сер.

Пари Сен Жермен моментално е трет на табелата со три бода заостанување зад водечките Монако и Ница, после низа од четири натпревари без пораз.

„Пари Сен Жермен се враќа во нормала. На почетокот на сезоната имавме неколку тешки моменти, но добрите резултати прават подобра атмосфера“, наведе Максвел.