До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Белгиецот по кој знае кој пат мора на долга пауза.
Капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани повторно е повреден и повторно е во прашање сериозна повреда.
Оваа вест ја потврди менаџерот Пеп Гвардиола на конференцијата за медиумите во пресрет на дуелот со Борусија Мехенгладбах во ЛШ.
„Компани има проблем со коленото. Го очекува повеќенеделна пауза“, потврди Гвардиола.
Белгиецот во текот на претходните три сезони имаше бројни проблеми со повредите, во оваа година во аут беше од април до октомври, а сега судејќи по се ќе биде надвор од тимот до крајот на годината.
Тоа значи дека стоперски тандем повторно ќе бидат Стонс и Отаменди.
Манчестер Сити во среда од 20:45 гостува на Борусија Мехенгладбах во директен дуел за второто место во групата. Сити има седум бода, а Борусија четири бода.















