Конечно – Најголемата легенда на клубот се враќа во Милан?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Кинезите изгледа се решија, сега Малдини е поблиску кај своите Росонери.

    Паоло Малдини е поблиску до враќање во Милан отколку било кога. Ова идеја ја имаше порано и Барбара Берлускони, но Галијани се противеше, тој не е во добри односи со легендарниот капитен.

    Сега десната рака на Берлускони веројатно ќе го напушти клубот, или неговото влијание ќе биде минимално, па нема повеќе пречки.

    Малдини е надвор од Милан од 2010 година кога се послече после неверојатниот четврт век во клубот.

    Се сретна со новиот прв оперативрец на клубот, Фасоне, во тек е дефинирање на неговата улога во клубот.

    Може да биде или тим менаџер, или еден од спортските директори на Росонерите. Во игра е уште еден долгогодишен играч на Милан, Масимо Амброзини, но Малдини е во предност…