До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанските медиуми денеска се преполно со квалитетни спортски случувања, а ако сте навивач на Милан, главна вест поврзана за овој клуб стигна директно од Лондон.
За разлика од минатите преодни рокови, овој пат не е во прашање накоја понуда од Челси за фудбалер на Милан, веќе обратно. Иако за тоа веќе пишувавме конечно е договорено за овој одличен фудбалер Сеск Фабрегас да стане жител на Милано.
Италијанските медиуми наведуваат дека Фабрегас прифатил да стане дел од новиот проект, во кој Милан треба да се врати на врвот на италијанскиот, а подоцна и на светскиот фудбал.
Росонерите сакаа да го „украдат“ и во последниот ден на преодниот рок, но сега веќе поранешната управа не успеја да го реализира трансферот во „пет до дванаесет“. Сепак, новиот спортски директор кој стигна заедно со Кинезите Марко Фасоне беше во Лондон каде што успеа да го наговори шпанскиот играч за врска.















