Конте го доведе, не е задоволен, бара нов играч?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Стигна на Стенфорд Бриџ на изненадување на многумина пред крајот на преодниот рок, изгледа му се спрема веќе замена.

    Челси пред самиот крај од преодниот рок доведе двајца играчи, се чини дека двајцата не го исполнуваат тоа што се очекуваше нив, но од еден во старт помалку и се очекуваше.

    Маркос Алонсо дојде на изненадување на многумина, тој веќе играше во Англија и не се прослави, и сите се прашуваа што Конте мисли кога за голема сума на пари го доведе на крајот од август.

    Беше јасно дека на Челси треба еден лев бек, но многумина беа убедени дека Алонсо не е вистинско решение.

    Сега се повеќе делува дека биле во право, дека на Шпанецот се спрема замена. Медиумите во Британија јавуваат дека Конте е незадоволен и дека веќе во јануари може да му доведат замена.

    Имено, на мета на Челси е левиот бек на Волсфсбург Рикардо Родригез. Швајцарецот важи за голема желба на Арсен Венгер, кога Арсенал и официјално се откажа многумина го преселуваа меѓу Сините, бидејќи делува како идеално решение за левата аут линија, но Конте не реагираше, и на Стенфорд Бриџ стигна Алонсо.

    Сега Челси може да ја исправи „грешката“ и на зима да направи рокада на позиција лев бек, а се верува дека репрезентативецот на Швајцарија и е поевтин од порано, бидејќи моментално е во слаба форма, а и изрази желба да го напушти Волфсбург кој во оваа сезона е под сите очекувања.

    Што се однесува на овие двајца фудбалери, евидентнни се разликите во нивните стилови на игра, а кога ќе се погледне статистиката се чини дека Родригез многу подобро одговара на замислите на Конте.

    Имено, Шпанецот е подобар во дефанзивните задачи, бидејќи во претходната сезона имаше повеќе пресечени топки и успешни пасови од Родригез. Имаше Алонсо и нешто повеќе создадени шанси по меч од Швајцарецот, но Родригез е далеку подобар во сегментот на испратени пасови напред. Бекот на Волфсбург е подобар и во воздушните дуели, бидејќи во просек имаше повеќе добиени дуели отколку Алонсо во минатата сезона.

    Значи, се чини дека Родригез одлично ќе се вклопи во плановите на Конте  да заигра 3-5-2, се верува дека 20 милиони фунти се доволни да се убедат „Волците“ да го пуштат. Да потсетиме Алсонсо е платен три милиони повеќе.