Конте добива нов помошник тренер во Јануари?

    Џанфранко Ѕола би можело да го засили Челси во Јануари но не како главен тренер, туку како главен помошник на Антонио Конте.

    Стив Холанд најверојатно ќе го напушти тоа место, а Ѕола нема ништо против за да го завземе.

    „Сите знаат дека би сакал еден ден да бидам тренер на Челси, но немам ништо против да земам и друга тренерска улога во тимот. Челси е во добри раце, Конте е одличен“ – вели Ѕола.

    Вотфорд, Каљари и Вест Хем досега ги има тренирано Италијанецот, а скоро доби отказ од Ал Араби.