До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од Островот стигнува абер дека Челси има план да ја засилува последната линија на својот тим од дефанзивата на Њукасл.
Таблоидот Сан во вчерашното издание пишува дека Сините од западен Лондон спремија понуда тешка 18 милиони фунти за Џамал Ласцелес.
Се работи за 22-годишниот дефанзивец кој потекна во Нотинген Форест, кој ги помина сите млади селекции на репрезентација на Англија и кој Страчките го доведоа во своето јато пред две години.
Лесцелес во минатата сезона запиша 18 настапи за Њукасл во Премиер лигата, покрај тоа постигна и два гола, додека во оваа сезона ја доби капитенската лент и во Чемпионшип е неизоставен во првиот состав на екипата на Рафа Бенитез.
Веќе некое време циркулира приказна дека Челси интезивно е во потрага на квалитетно засилување во одбраната, Ласцелес е „хот преспект“ играч и неспорно голем талент, но прашање е дали во овој момент може да одговори на многу тешките барања какви што Конте бара.
Chelsea are planning an £18m move for 22-year-old Newcastle defender Jamaal Lascelles. (Source: Sun on Sunday) pic.twitter.com/j1dYbGjBWq
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 30, 2016















