До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Челси Антонио Конте и играчот за врска на тој клуб Еден Азар ги добија признанијата за минатиот месец.
Конте е прогласен за најдобар менаџер во Премиерлигага за месец октомври.
Под негово водство, тимот навистина одигра врвно во минатиот месец, и славеше против Хал Сити, Лестер, Манчестер Јунајтед и Саутемптон.
Пред тие мечеви Челси беше поразен од Арсенал и Ливерпул, но четири врзани победи го донесоа на второто место на табелата.
За најдобар играч во минатиот месец е избран Еден Азар, кој беше стрелец во мечевите против Лестер, Јунајтед и Саутемптон.















