„Конте нас ни влеа верба и почнавме да победуваме“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски стручнак Антонио Конте работи одлична работа откако ја презеде екипата на Челси.

Лондонскиот клуб е во низа од единаеет победи по ред и моментално се водечка екипа во Премиер лигата.

Пофалби на сметка на Конте стигнуваат од сите страни, а посебно од неговите играчи.

Еден од нив кој го пофали пред медиумите е и шпанскиот крилен фудбалер Педро.

Тој е изненаден како Конте така брзо успеа да ги сврте работите.

„Во текот на кариерата работев со многу одлични тренери како Пеп Гвардиола и Висенте дел Боске.

Но, ме изненади како Антонио Конте брзо успеа да ги промени работите во Челси. Ни влеа надеж и верба и почнавме да победуваме.

Многу едноставно, ги сврте работите. Ми се чини дека се промени многу брзо.

Имаме многу меѓусебна доверба“, рече Педро.

Да потсетиме дека Педро во оваа сезона одигра 15 мечеви во Премиерлигата и постигна три погодоци.