Конте прави шампионски тим: Пристигнува играч од 50 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси е лидер во Премиер лигата, а тука сака да остане и на крајот од сезоната. Антонио Конте смета дека на Сините им се потребни засилувања.

Во изминатиот период, многумина шпекулираа дека се заинтересирани за играчот на Рома, Наинголан, но приоритет е доведувањето на Марко Верати.

Така барем тврди „Daily Mail“, кој пишува дека италијанскиот стратег побарал од Роман Абрамович да му го донесе играчот на ПСЖ во јануари.

ПСЖ сигурно нема лесно да го продаде, но 50 милиони евра би можело да го измамат францускиот шампион. И тоа е почетната понуда, која сигурно ќе се зголемува.

Младиот италијански играч не е во првиот план под водство на Унаи Емери, и Сините се надеваат дека ќе успеат да го ангажираат и да му донесат вистинска поддршка на неверојатниот Н`Голо Канте.