Конте пронајде идеално засилувањње за својата омилена формација!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Италијанецот е незадоволен од поедини играчи и спремен е да го реновира тимот.

    На мета на Челси се наоѓа крилниот фудбалер на Лацио Фелипе Андерсон, пренесуваат италијанските и англиските медиуми.

    Антонио Конте побара од Роман Абрамович во јануари месец да го доведе одличниот Бразилец кој во последно време игра со крилни играчи во формација 3-5-2.

    Бразилецот е поливалентен играч, може да биде и крило во формација 4-2-3-1, но за Конте најважно да може да ја покрива целата десна страна во 3-4-3 или 3-5-2.

    Сепак, Лацио ќе биде тврд преговарач, познато е дека со Клаудио Лотито не е лесно да се преговара, поради тоа што во минатото лето одби 50 милиони од Манчестер Јунајтед.

    Андерсон има договор со Лацио до 2020 година, но го промени својот менаџер и сега го застапува Киа Јорабчиан кој има блиска соработка со Челси.

    Со доаѓањето на Андерсон ќе значи и крај за Бранислав Ивановиќ кој судејќи според се нема повеќе кредит кај Конте, а и не снаоѓа баш најдобро во формацијата која ја форсира Италијанецот.