Конте ќе пазари од Јувентус, но ќе мора да го даде и Фабрегас во пакет


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Антонио Конте во јануарскот трансфер период ќе ја освежи соблекувалната на Челси.

    Италијанецот прави се за да го вклучи Челси во трката за титулата, а неговата голема желба е искусниот дефанзивец, Леонадро Бонучи, со кого имаше прилика да се соработува за време на ерата во Јувентус.

    Јувентус се согласил да го продаде својот играч во Лондон, но од Челси освен што бараат рекордна сума, во пакет го сакаат и Фабрегас.

    Менаџерот на Јувентус свати дека Фабрегас може да го замени Маркизио и на долго време да ја пополни дупката во тимот која настана по заминвуањето на Пирло во МЛС.

    „Старата дама“ е упорна во намерата да се засили со Фабрегас кој го гледаат како идеална фигура во задната линија во 4-3-3 и 3-5-2 формацијата, а со оглед на тоа дека Конте е подготвен да се откаже од Шпанецот, трансферот би можел да се реализира уште на зима.