Кој е најдобар дефанзивец на денешницата?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Кој е најдобар одбранбен фудбалер на планетата?

    Поминаа десет години откако Златната топка за најдобар фудбалер на светот ја доби дефанзивец.

    Фабио Канаваро во 2006 година го наплати триумфот на Италија на Мундијалот.

    Десетина години порано Матијас Замер ја доби Златната топка благодарение на триумфот на Германија  на ЕП, а пред него единствен дефанзивец кој го доби престижното признание беше Кајзер Франц Бенкенбауер.

    Само три случаеви во историјата зборуваат дека ќе се начекаме додека некој одбранбен играч го добие признанието за најдобар на светот.

    Поготово во ерата на Меси и Роналдо. Дури и кога конкуренцијата беше израмнета (да не речеме послаба), митски играчи како Малдини или Барези не успееја да ја освојат Златната топка.

    Неодамна Фабио Канаваро рече дека Златната топка за 2016 година може комотно да ја добие Серхио Рамос… Само да не е Кристијано Роналдо! Португалецот со триумфите во ЛШ и ЕП е изразит фаворит за по четвртти пат да ја освои Златната топка. Што значи дека Рамос тешко до ласкавото признание… А ако не ја освои сега, кој знае кога повторно ќе има ваква добра шанса.

    Ако му е за утеха, Шпанецот многумина го сметаат за најдобар на светот во својата работа. Влијателниот Франс Фудбал направи анкета за најдобар дефанзивец на светот и Рамос освои 25 % од гласовите. Позади него е Силва со 13 % од гласовите.

    Следи Бонучи (10 %), Боатенг (9 %), Кошчелни (7), Годин (6), Пике, Пепе и Киелни (по 5 %), Хумелс (4 %), Барзаљи, Марсело и Алаба (2%), Маскерано, Алба и Лам (по 1 %) додека преостанатите двса проценти од гласови отидоа на група на играчи кои добија помалку од еден процент на гласови.

    Меѓу нив се наоѓа на најскапиот фудбалер на сите времиња Џонс Стонс.

    А вие ? Што мислите, кој е најдобар дефанзивец на планетата?