Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маркус Рашфорд е јунак на Манчестер Јунајтед.
Овој 24 годишен напаѓач во четвртата минута во судиското продолжение ладнокрвно изведе пенал и погоди за победа на Јунајтед на Паркот на принцовите и поминување во 1/4 финалето.
Занимливо е она што Рашфорд сам одлучил да го изведе пеналот. Иако во отсуство на Погба, изведувач на пеналите е Лукаку, Рашфорд одлучил да ја превземе одговорноста.
„Знаев дека морам да ја задржам ладнокрвноста. Тоа се работи кои ги вежбате на тренинг секој ден. Сакав да шутирам и да постигнам гол и да продолжиме понатаму“, рече Рашфорд.
На никој на Паркот на принцевите не му се допаѓаше моментот кога судијата го гледаше ВАР системот.
„Чекањето на таа одлука веројатно беше најтешката работа. Меѓутоа, сите живееме за овие натпревари и ваквите моменти и се надевавме дека ќе си одиме среќни. Се беше против нас, но се навикнавме да доживуваме вакви тешки моменти. Ова е преубаво. Имавме 10 повредени играчи, младите добија шанса, секогаш се со нас и ова е шанса која ја заслужија“, истакна Рашфорд.