Кралскиот тим на Зидан – 11 месеци и пет дена решетење


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Последен кој одолеа беше Манчестер Сити.

Ниту една генерација на кралскиот клуб немаше ваква константност во постигнување на погодоци во противничките мрежи како тимот на Зидан оваа сезона.

Денес кралевите ја затресија мрежата на противникот по 50-ти пат по ред во сите натпреварувања. Од полуфиналето минатата сезона против Манчестер Сити, Реал Мадрид на секој натпревар постигнал барем по еден погодок. Поминаа 11 месеци и пет дена откако некој тим ја сочувал мрежата не затресена против тимот на Зидан.

Пред овој тим на Зидан, рекордот во Шпанија го држеше тимот на Барселона од 40-те години минатиот век кој ја погодувал мрежата на противникот 44 пати по ред. На сите 50 натпревари на кои беше постигнат барем по еден погодок, Реал Мадрид постигна 133 погодоци и прими 56. Најдобар стрелец во таа серија е Кристијано Роналдо со 23 погодоци, Бензема постигна 10, а Бејл и Мората по 8.