Кратка исповед на Мурињо: Беше тешко!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо раскажа како успеа да го доведе Пол Погба во Манчестер.

Со доаѓањето на Мурињо, Јунајтед значително се засили, а во клубот се врати и одличниот француски играч за врска, кој во минатите сезони блескаше во Јувентус.

Погба (23) на 8 август потпиша за Црвените ѓаволи, кои го платија 89.3 милиони фунти.

„Ух, беше баш тешко да се убеди Погба да дојде. Имавме многу разговори на телефон, многу СМС си разменивме. Мислам дека истотака беше во контакт со менаџерот на еден голем клуб, па морав да се потрудам да дојде кај нас“, рече Мурињо.

Смета дека Реал Мадрид е тој голем клуб, а Погба не блескаше баш на почетокот, посебно лош беше во дербито против Сити. Но, ќе видиме што на навивачите ќе понуди во остатокот на сезоната.