Крафт го освои кристалниот глобус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австриецот Штефан Крафт го освои големиот кристален глобус кој е наменет за победникот во генералниот пласман во светскиот куп во ски скоковите.

Тој денес победи на последното натпреварување во оваа сезона на Планица и ја заврши сезоната со 1665 бода, 141 повеќе од второпласираниот Камил Штох.

Важно е да се каже дека втората серија на летови во Планица беше откажана поради силниот ветар.

23-годишниот Крафт во првата серија скокна 250 метри, а зад него останаа Андреас Велингер од Германија и Нориаки Касаи од Јапонија. Камил Штох натпреварувањето го заврши на петата позиција.

Крафт ја запиша осмата победа оваа сезона, 12-та во кариерата.

Оваа сезона беше успешна за австриецот кој освои два златни медали на СП во Лахти и постави нов светски рекорд.