Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Бастијан Швајнштајгер ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануари, соопштија британските медиуми.
Поранешниот германски репрезентативец не е во плановите на Жозе Мурињо и тој ќе го напушти Олд Трафорд во јануарскиот преоден рок.
Уште не е познато каде 32-годишниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата. Се споменуваат бундеслигаши, клубови од МЛС, но конкретен договор нема.
Швајнштајгер одигра 31 натпревар за Јунајтед од летото 2015-та година, а постигна само еден погодок.