Крај на сезоната за Алеиш Видал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бекот Алеиш Видал доживеа тешка повреда на на денешното гостување на Барселона во Баскија.

Барса со 6:0 славеше на гостувањето кај Алеиш, а мечот го засени тешката повреда на Видал во завршницата на истиот.

На него му страдаше зглобот и мораше на операција, а од Барселона објавија дека играчот ќе паузира околу пет месеци, според првите прогнози.

Сите играчи од Барселоина одма после мечот бараа да се видат со Видал, кој некое време ќе остане во болница. Навистина штета за овој фудбалер, кој конечно доби шанса кај Луис Енрике, а сега сигурно дека клубот ќе бара нов десен бек.

Дваесет и седум годишниот Шпанец за 10 милиони евра стигна од Севиља, а во Примера во оваа сезона одигра шест мечеви и постигна два гола, додека во Купот запиша три настапи.

Играше и на еден меч во Лигата на шампионите.