Креспо пронајде нов тренерски ангажман


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Легендарниот аргентински напаѓач, Хернан Креспо повторно ќе се проба во тренерските води. Имено, Креспо договорил соработка со аргентинскиот прволигаш Банфилд.

Креспо претходно ја водеше екипата на Модена во Италија, но поради лоши резултати го напушти клубот во 2016. година, па се врати во редовите на Парма, каде што беше потпретседател на клубот. Парма се врати во Серија А, но легендарниот напаѓач очигледно не може без тренерска работа.

На клупата на Бенфилд ќе седне на 2. јануари наредната година, со обзи на тоа дека овој клуб ќе го напушти Сезар Фалсиони.

Банфилд се наоѓа на 13. место во аргентинската лига, па Креспо го очекува тешка работа, со обзир на тоа дека ова ќе му биде прва работа во таа земја.