Кристијано го сретна Гризман после финалето на ЕП, французинот имаше што да му каже


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Двете големи финалиња Гризман ги изгуби од ѕвездата на Реал Мадрид оваа година, а после ЕП во Францијата двете ѕвезди се сретнале во Мајами.

    Гризман ќе остане запамтен како најдобар фудбалер на ЕП 2016-та година.

    Французинот беше толку блиску да му донесе титула на својата држава, но Едер му го скрати задоволството.

    Со фудбалерот на Лил, Гризман нема никакви проблеми, но тоа не може да се каже за неговиот однос со Кристијано Роналдо.

    Од Португалецот Гризман изгуби две финалиња, Атлетико во ЛШ и Франција на ЕП.

    „После финалето бев на одмор во Мајами и се сретнав со Антоан Гризман во ресторанот во кој беше во вереницата. Се доближи до мојата маса и ми кажа: Кристијано, те мразам!“, изјави Кристијано Роналдо.