Кристијано прифати, ова е неговата иднина!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Официјално ќе биде објавено за две до три недели, ова се бројките…

    Нема повеќе дилеми, нема повеќе ни говор за Пари Сен Жермен, но ни враќање во Манчестер Јунајтед.

    Веројатно најдобриот играч на планетата во 2016 година дуплата европска круна, со клубот и репрезентацијата ќе прослави со нов договор.

    Тој на сила ќе стапи во наредното лето, Кристијано Роналдо го продолжува договорот на пет години, кога обврските ќе му истечат, Португалецот ќе има 36 години.

    Веројатно и тогаш има време за МЛС лига или можеби Кина, но зенитот сака да го помине во бело, Реал, нема сомнение, ќе биде негов последен клуб во Европа.

    На какви бројки прифати?

    Неверојатно. Тој всушност иако влезе во четвртата деценија од животот ќе заработува 23 милиони евра, нето, значи тоа е она што ќе му припадне, а Реал покрај таа сума ќе мора да плати данок на исто толку.

    Ајде да заукружиме на сума од 50 милиони евра, за пет сезони за Роналдо Флорентино Перез ќе плати 250 милиони евра.

    Не е тешко да се заклучи дека во Реал процениле дека тој маркетиншки ќе се исплати, односнио дека ќе врати толку пари, сигурно дека на 34 години нема да биде на исто ниво како денеска, но сеедно, ќе заработува богатство.

    И Реал, јасно, нема да може да го продаде, освен ако не се одлучи порано да ја заврши европската одисеја. Но, Португалецот тврди дека се чувствува подобро отколку било кога и дека ќе игра до 40 години.

    Каде е овој договор во однос на тоа што го примаше, и во однос на Меси?

    Досега Роналдо заработуваше 18 милиони евфа нето по сезона, да потсетиме, кога во 2009 година стигна во Мадрид, заработуваше 10 милиони евра. Додека течеше тој договор, англиските клубови полудеа со цените за играчите и годишните планови, па парадоксално, ЦР 7 беше надвор од Топ 10 најплатени играчи на светот.
    Дали е ова најголем договор?

    Да, Меси заработува нешто помалку од 20 милиони по сезона, но и него во оваа сезона го очекува нов, на пет години, со кој ќе го задржи во Барселона до 33 години. Аргентинецот според некои информации треба да заработува околу 24 милиони евра по сезона.

    Тој сеуште не потпишал договор, чека Барселона да прифати на клаузула за откуп, не поради желба да игра за некој европски клуб, веќе да се врати во својот Росарио и таму да ја заврши кариерата.