Кристијано Роналдо го спаси Реал Мадрид од пораз на Бернабе од Лас Палмас (ВИДЕО)


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Фудбалерите на Лас Палмас го победија Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе во натпревар од 25-то коло во Ла Лига, 1;3.

После осум минути игра Иско му донесе водство на кралскиот клуб. Само две минути подоцна Танаусу го израмни резултатот.

На почетокот на второто полувреме Бејл доби црвен картон и Реал Мадрид остана со 10 фудбалери на теренот. Како тоа да не беше доволно за кралевите, Лас Палмас заработи пенал по играта со рака на Рамос во казнениот простор. Виера беше прецизен од белата точка, 1:2.

Четири минути подоцна нов шок на Бернабе, Боатенг погоди во празната мрежа за 1:3.

Пет минути пред крајот на натпреварот Симон играше со рака во казнениот простор, па Реал доби пенал. Кристијано Роналдо шутираше и погоди за 2:3. Четири минути подоцна Роналдо со глава го постигна вториот погодок на натпреварот за израмнување на резултатот, 3:3.

Во останатите натпревари Селта Виго и Еспањол ремизираа, 2:2, а Гранада на домашен терен го победи Алавес, 2:1.

Реал Мадрид после овa реми ќе има еден бод и еден натпревар помалку од лидерот Барселона.