Крос му ги искрши ребрата на Пепе, Зидан на големи маки против Баерн


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Португалецот нема да биде спремен ниту за реванш натпреварот во ЛШ.

Реал Мадрид во големото мадридско дерби против Атлетико не изгуби само два бода туку и нешто поважно, дефанзивец за ЛШ. Деталните прегледи покажаа: Пепе во сударот со Тони Крос скрши две ребра и го чека подолга пауза.

Се играше 63-та минута кога германецот во полн трк налета на португалецот кој не можеше да го избегне и коленото заврши во ребрата. Пепе се обиде да го продолжи натпреварот, но брзо сфати дека тоа не е можно, беше заменет и префрлен во болница каде беше прегледан.

Бидејќи и Рафаел Варан е надвор од составот, Зинедин Зидан се наоѓа во лоша ситуација бидејќи на еден од најдобрите ривали ќе мора да го испрати Начо. Тоа момче заедно со Серхио Рамос ќе ја сочинуваат дефанзивата.