Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште два 1/16 финални натпревари завршија на АТП турнирот во Мадрид.
Куевас направи пресврт и го победи Мау, 2:1 во сетови.
Во првиот сет од овој дуел видовме само еден брејк и тоа во 12-от гем кога Мау го одзеде сервисот на уругваецот, 5:7. Куевас со еден брејк во третиот гем во вториот сет го израмни резултатот во сетови, 1:1, 6:4. Уругвајскиот тенисер повторно со направи само еден брејк и стигна до победа, 6:4. Во 1/8 финалето Куевас ќе игра против подобриот од дуелот Вавринка – Пер.
Лопез го совлада Симон со 2:1 во сетови.
Шпанецот со еден брејк го доби првиот сет, 3:6. Во третиот и четвртиот гем во вториот сет видовме два брејка, по еден на едната и другата страна, 2:2. Симон го одзеде сервисот на Лопез во осмиот гем, а потоа сервираше сигурно, 6:3. Двата тенисери по еднаш си го одзедоа сервисот во одлучувачкиот сет, па победникот мораше да биде одлучен по тај-брејк. Во тај-брејкот Лопез беше подобар со 3:7 и победи на денешниот натпревар. Во 1/8 финалето шпанскиот тенисер ќе игра против Ѓоковиќ.