До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во дерби средбата на 2 коло од Првата лига кошаркарите на Куманово во израмнет меч славеа тесна победа над Кожув, искусниот Работнички како гостин беше убедлив против Струмица, Куманово немаше проблеми протв дебитантот АВ Охрид.
Кошаркарите на вицешампионот Куманово вечерва во израмнет натпревар го добија Кожув со 89-86,(15-22,30-9,26-29, 18-26.
Гостите од Гевгелија одлично го започнаа дербито, но очајната игра во втората делница беше клучна за конечнниот победник. Избраниците на Србиновски иако резулатски загубија дури три четвртини само поради маестралната игра во вторите 10 минути кој ги добија со 30-9 , на крајот успеаа да излезат како победници во дербито против Кожув. Костовски , Мијатовиќ и Пековиќ со заедничка реализација од 58 поени беа најзаслужни за премиерниот триумф сезонава на вицешампионот. Кај Кожув, а и воопшто на мечот прв стрелец е Мек Нил со 30 поени. Гевгеличани по оставката на Врбица Стефанов на денешниот меч ги водеше досегашниот помошник Игор Михајловски.
Во преостанатите две средби , Работнички како гостин немаше проблеми против тимот на Струмица и со 68-85 го запиша вториот сезонски успех. Комплетната прва петорка на гостите од Скопје постигна двоцифрен број на поени, најефикасен е Диме Тасовски со 26 коша.
Во Кавадарци пак Фени Индустри го декласираше дебитантот во Првата лига АВ Охрид со 100-64.















