Куманово 2 од 2 во БИБЛ – Следната жртва беше Башкими


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Куманово славеа на гости кај Башкими со 83:86 во второто коло од БИБЛ лигата.

    Првата четвртина фантастично ја одиграа кошаркарите на Куманово која ја добија со 16:22. Вториот дел повторно доминација на гостите од Куманово и на полувреме заминаа со предност од 10 поени, 38:48. Одличната дефанзива на кумановци ги остави Башкими во третата четвртина само на 13 постигнати поени. Во последните десет минути од натпревар кошаркарите на Куманово влегоја со предност од 20 поени, 51:71. Кумановци во последниот дел од натпреварот се опуштија, му дозволија на Башкими да го направи натпреварот неизвесен. Александар Костоски со двете погодени слободни фрлања ја запечати втората победа во БИБЛ на Куманово, 83:86.

    Пековиќ и Костоски со 21 и 20 поен го предводеа Куманово до втората победа во два натпревари во БИБЛ лигата. Двоцифрени натпреварот го завршија и Караџоски и Јанески кои постигнаа по 10 поени. Целата прва петорка на Башкими беше двоцифрена, а најефикасен беше Џонсон со 25 поени.