Куп на Македонија – Ренова не издржа, Пелистер го постигна потребниот погодок, во 1/4 финале се пласираа и Шкендија и Вардар


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Со почеток од 14:30 се одиграа три реванш натпревари од 1/8 финалето на купот на Македонија.

    Ренова во Тетово после негативата од два погодоци од Битола се врати во игра, но не издржа до крај. Тетовчани постигнаа три погодоци во првото полувреме. Се чинеше дека Пелистер нема сили да постигне погодок, но фудбалерите на битолскиот клуб на десет минути до крајот на натпреварот го постигнаа погодокот кој ги однесе во 1/4 финале.  Тодоровски од слободен удар беше човекот на одлука на овој натпревар. Ренова славеше на овој натпревар со 3:1. Вкупен резултат Ренова – Пелистер 3:3.

    Шкендија на домашен терен одигра 0:0 против Работнички. Тетовскиот клуб во првиот натпревар славеше со 0:2 и се пласира во 1/4 финале. Вкупен резултат 2:0.

    Фудбалерите на Вардар на стадионот Борис Трајковски и во реванш натпреварот го совладаа Велазерими, овој пат со 2:0. Петковски во првото полувреме погоди за водство на Вардар, а конечните 2:0 ги постави Обрегон во 82-ра минута. Вардарци во првиот натпревар славеа со 1:3 на гости. Вкупен резултат: 5:1.