Кутињо откри кои се најдобри и можеби го најави неговиот трансфер


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Фудбалерот на Ливерпул, Филипе Кутињо не крие кој во моментов е најдобар фудбалер во светов.

    Кутињо игра одлично оваа сезона во дресот на Ливерпул и е најзаслужниот за одличните резултати на Црвените во Премиер лигата, а сега се поврзува со Барселона.

    Моите три најдобри играчи во светот е триото МСН. Еден е брз, вториот е подготвен, а третиот постигнува голови, тие заедно се комплетни. Постојат се разбира и други играчи како Кристијано Роналдо, но овие тројца делуваат совршено заедно“, изјави Кутињо.

    Ова е дополнителна причина навивачите на Барса да веруваат дека Кутињо ќе се пресели на „Камп Ноу“, но многумина веруваат дека тој некое време ќе остане лојален на Црвените.