Кујате и Фернандес го испаднаа Челси, Саутемптон минимално против Сандерленд


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште два натпревари се одиграа од 1/8 финалето од купот на Англија.

    Саутемптон на домашен терен со многу мака го совлада последниот на табелата во ПЛ, Сандерленд. Буфал со погодокот во второто полувреме го однесе Саутемптон во 1/4 финале.

    Вест Хем на олимпискиот стадион во Лондон го совлада Челси со 2:1. Кујате во првото полувреме му донесе водство на домашниот тим. На стартот на второто полувреме Фернандес го натера Беговиќ по втор пат да ја вади топката од голот. Кејхил во 95-та минута ги постави конечните 2:1, а Челси е елиминиран.

    Саутемптон и Вест Хем продолжуваат во 1/4 финале.