„Лага е дека навивам за Арсенал“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски напаѓач Џермејн Дефо во оваа сезона пружа одлични партии во дресот на Сандерленд иако се наоѓа на залезот на кариерата.

Дефо со своите одлични игри повторно избори место во репрезентацијата на Англија, а многумина сметаат дека овој искусен напаѓач на крајот на сезоната ќе го промени клубот.

Англиските медиуми пренесоа дека неколку клубови се заинтересирани за Дефо, а еден од нив е и Арсенал.

„Сан“ пред неколку дена објави дека Дефо сигурно својата кариера ќе ја продолжи во Арсенал бидејќи е тоа клубот за кој навива од детството.

Познато е дека Дефо својата карера ја почна во Вест Хем, а после тоа во 2003 година потпиша за Тотенхем

„Лага е дека навивам за Арсенал. Мојот локален тим во кого пораснав беше Вест Хем и со драга воља одев да ги гледам нивните натпревари. Единствено што сакав да го гледам напаѓачот на Арсенал, Јан Рајт, но тоа е тоа. Никогаш не бев навивач на Топџиите“, рече Дефо.