Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров смета дека задачата ќе биде потешка од претходните две со оглед на фактот дека за противник ќе ја имаат Словенија, селекција што важи за фаворит и што воедно ја елиминираше Македонија во осминафиналето од последниот мундијал, одржан во Катар.
„И двете селекции се променети играчки во однос на таа средба, така што не можам да кажам што треба да промениме и дали сме подобри или не од пред две години. Она што е јасно е дека Словенија е силна репрезентација, но на крајот се ќе зависи од нас самите и од начинот на кој ние ќе влеземе во оваа средба и ќе ги одиграме тие 60 минути. Противникот е квалитетен, има во своите редови физички „ситни” играчи кои се фантастични техничари, така што ни е јасно дека нема да биде ни малку лесно” изјави капитенот.
Мечот почнува во 17.45 часот во арената во Мец.