Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија загуби во натпревар од третото коло на СП во Франција од Словенија.
Кирил Лазаров беше најефикасен со 9 погодоци.
„Можеби е малку глупаво, но пораз е пораз, дали со еден дали со десет гола. Двата бода одат кај Словенија. Можеби е подобро што загубивме со голема разлика. Да се освестиме сега, тоа ни останува. Промашувавме зицери, дојдоа на осетна разлика Словенците, а ние бркавме резултат. Така го загубивме натпреварот. Можевме да парираме, но ете, им честитам. Но, ништо не е загубено, одиме напред, малку да се одмориме и да се смириме од се. Треба позитивно да гледаме на работите. Малку нè зафати македонската еуфорија. Најдоброто од нас уште не е покажано. Ние сме уште во игра за подобри резултати, има уште натпревари“, изјави Лазаров.