Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Милан, Џанлука Лападула постана миленик кај навивачите на Милан откако ова лето се приклучи на тимот.
Во Милан дојде од Пескара за 9 милиони евра, а минатата сезона во Серија Б беше најдобар стрелец со 30 голови. Најверојатно на крај на сезоната ќе го напушти Милан, тој за ова кратко време постана миленик кај навивачите.
Против Интер шансата ја доби во финишот на дуелот, но тој е многу среќен поради тоа што заигра на таков голем дуел.
„Моето прво дерби беше вистинска емоција. Жал ми е што не победивме, но среќен што бев дел од ваков дуел. Беше неверојатно“ – вели Лападула.