До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот италијански стручнак и актуелен тренер на Баерн од Минхен Карло Анчелоти откри каде му било подобро, во Реал до минатата сезона, или во Баерн моментално.
Со Реал ги освои сите можни трофеи освен шпанската Примера лига, но ни тоа не беше доволно Флорентино Перез да го задржи и понатака. Поради тоа, Карло Анчелоти истакна дека е подобра работата во Баерн моментално, и дека е презадоволен.
„Убаво ми беше и во Мадрид, а исто ми е и во Мадрид. Сепак, тоа што ги разликува овие два клуба е тоа што во Баерн сопственикот е фудбалска легенда, а во Реал исклучиво бизнисмен кој се сведува исклучиво околу парите“, рече Анчелоти.
Да потсетиме, Анчелоти веќе го освојуваше најголемиот европски трофеј, поради тоа што освен Реал, го довеше и Милан до титулата европски шампион во повеќе наврати.















