До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот колумбиски наѓаѓач Фаустино Асприља го искоментира вечерашниот дуел меѓу Милан и Јувентус.
Асприља сонародникот Карлос Бака го стави пред Гонзало Игуаин, а даде и прогноза за мечот на Сан Сиро.
„Бака е напаѓач на исто ниво како Игуаин, но во некои работи го сметам за подобар. Гонзало смета на поддршката на целиот тим, кој работи за него, а Бака се работи сам“, рече Асприља.
„Јувентус е фаворит, но ќе речам дека Милан ќе слави со резултат 3:2“, рече Асприља.
Колумбиската легенда во кариерата носеше дрес на голем број на клубови, а во Европа играше за Парма и Њукасл.















