Легендата исфрлена од „Олд Трафорд“: Руни си заминува на крајот од сезоната


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Кога ќе се спомне Вејн Руни, првата асоцијација е Манчестер Јунајтед или „Олд Трафорд“. Поранешниот фудбалер на Евертон стана симбол на „црвените ѓаволи“, кој изминатите неколку сезони се соочуваа со голема криза.

    Вејн Руни не е посакан во својот дом, на „Театарот на соништата“, а се повеќе грбот му го врти и Жозе Мурињо.

    Навивачите се бесни поради лошите изданија на Руни и најсреќни би биле тој да го напушти Јунајтед, иако до пред неколку години се колнеа во него.

    Најновите информации велат дека англискиот репрезентативец лесно би можел да се пресели во американската МЛС лига. И тоа на крајот од сезоната, а тоа го откри секретарот на лигата, Дон Гарбер, кој тврди дека за него се заинтересирани неколку клубови.

    Конуренција на Американците ќе бидат и богатите Кинези, кој на напаѓачот на Манчестер Јунајтед се подготвени да му понудат огромна плата.