Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер кој го сака целиот свет, одлучи да му помогне на бразилскиот клуб.
Не е новост дека една фудбалска легенда овие денови се поврзува со трансфер во Чапекоенсе, се спомнуваа Рикелме, Роналдињо и уште некои, но прв пат за тоа еден играч и официјално се огласи за тој повод.
Во прашање е исландскиот фудбалер, Ејдур Гудјонсен кој се огласи на Твитер.
Ејдур Гудјонсен напиша дека му е чест да игра за Чапекоенсе, доколку во бразилскиот тим има место за него, истакнувајќи дека би сакал да игра повторно со Роналдињо.
Гудјонсен има 38 години, а во кариерата се прослави играјќи за Челси и Барселона, а подоцна настапуваше и за Монако, Тотенхем, Стоук, Фулам, АЕК, Клуб Бриж, Болтон, Молде.
Во кариерата одигра 650 натрпевари и постигна 158 гола, освои две титули во Премиер лигата, Лига Куп, Комјунити Шилд, Примера, Лига на Шампиони, Копа дел Реј…
Во тандем со Роналдињо играше во сезоните 2006/07 и 2007/08, а потоа Бразилецот отиде во Милан, а Гудјонсен остана во Барса уште една година.
Нема сомнеж дека целиот свет би сакал да го види во дресот на Чапекоенсе.