Легендата на Арсенал откри: Пушев трева!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Арсенал Јан Рајт 16 години после завршувањето на пребогатата кариера призна дека како фудбалер конзумирал дрога.

Во својата колумна за The Sun, 52-годишниот Англичанец рече дека пушел трева и дека благодарение на таа навика за малку да ја завршел кариерата на скандалозен начин.

Деталот за кој најмногу се сеќава се случил во септември 1987 година кога неговиот Кристал Палас го совлада ВБА со 4:1.

Рајт тогаш беше 24-годишен и неполни 24 часа пред натпреварот другаруваше со марихуана, а после натпреварот во соблекувалната влегле луѓе од анти-допинг контролата.

„Ме фати голема паника кога ги видов бидејќи пушев марихуана ден порано. Се исплашив и за среќа не ме избраа да ми земат мој примерок. Ако го тоа го направеа, наодите ќе покажуваа дека сум позитивен на марихуана и тоа ќе беше крај. Од тој ден повеќе никогаш не пушам трева“, рече Рајт.

Јан Рајт за Кристал Палас настапуваше од 1985 до 1991 година, псоле што седум години помина во Арсенал.

Играјќи за Топџиите стана една од најголемите легенди на овој клуб и втор стрелец на сите времиња. Повеќе постигна сдамо Тиери Анри (228).