До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон застана во одбрана на некогашниот соиграч Пол Погба.
Погба е доста критикуван бидејќи во првите мечеви за Манчестер Јунајтед не блескаше, но 23-годишниот Французин сепак во последните мечеви покажа дека вреди.
„Сезоната е долга, уште сме во вториот месец, само што почнавме“, рече Буфон за Фудбал Италија, и додаде:
„Се смеам кога ќе слушнам дека луѓето лошо зборуваат за Погба. Ќе видиме на крајот. Ова е како коњска трка, не е важно кој води на пола пат, важно е кој прв ќе стигна низ целта“.















