Леонардо не сака на „жешката столица“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Бразилецот ја отфрли можноста да го преземе кормилото на Интер, иако многумина го видоа како најсериозен кандидат за наследник на Де Бур.

    Леонардо тврди дека тој е тотално друг тип на тренер од тој кој треба на Нероаѕурите во овој момент.

    „Јас не сум човек за Интер. Јас сум тренер со директорски тип, кој сам да си прави тим. Интер веќе има доволен број на играчи и потребен е тренер кој од нив ќе направи добра екипа. Тоа не е работа за мене“, рече Леонардо.

    Тој го водеше Интер во сезоната 2010/11, а во овие денови негото име често се појавува низ медиумите како можен наследник на Франк Де Бур и како кандидат од струјата на Морати.