Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарите на Франција ја победија Словенија во натпревар од полуфиналето на СП со 31:25.
Одлично го започнаа натпреварот французите. Порт, Дипадна и Фабрегас погодија за 4:1.
После десет минути игра Франција имаше водство од четири погодоци. Порт и Нарцис постигнаа два погодоци во низа за 6:2.
Двата погодоци на Маргуч и едниот на Цингесар му донесоа на Словенија намалување на негативата на само еден погодок, 6:5. Со двата брзи погодоци на Порт, Франција стигна до водство од три погодоци, 9:6.
Абало и Мае постигнаа три погодоци во низа за водство од пет погодоци, 13:8. Маргуч и Доленец намалија на 13:10, но французите преку Мае и Н’Гесан ја вратија предноста од пет погодоци, 15:10.
До крајот на првото полувреме Габер и Доленец постигнаа два погодоци во низа за три негатива на Словенија на полувреме, 15:12.
Ремили постигна два брзи погодоци на почетокот на второто полувреме за 18:14. Нарцис и Абало во 42-ра минута погодија за водство на Франција од пет погодоци, 23:18.
Карабатиќ и Ремили погодија за 25:19. Вујовиќ повика тајмаут, а Цинегесар после тајмаутот постигна два погодоци во низа за 25:21.
Французите преку Ремили ја вратија предноста од шест погодоци во 51-ва минута од натпреварот, 27:21. Јанц одговори со иста мерка и повторно намали на четири погодоци негатива, 27:23.
Франузите ја задржаа предноста до крајот и победија со 31:25. Франција е првиот финалист на СП.
Недим Ремили со 6 погодоци ја предводеше Франција до победа. Валентин Порт постигна 5 погодоци. Кај Словенија најефикасен беше Јуре Доленец со 5 погодоци. Голем допринес во победата имаше и Венсан Жерар кој заврши со 16 интервенции.