Лестер го декласира Кристал Палас, Арсенал само бод на Емирати, сензационална победа на Барнли

    Се одиграа уште шест натпревари од деветото коло од Премиер Лигата.

    Фудбалерите на Барнли славеа против Евертон на стадионот Турф Мур со 2:1. Вокс во првото полувреме ги израдува домашните навивачи. Евертон преку Боласие израмни. Во 92-ра минута Арфилд му донесе големи три бода на Барнли.

    Стоук на гости славеше со 0:2 против Хал и ја запиша втората по ред победа во ПЛ. Џердан Шакири ги постигна двата погодоци за гостите.

    На Кинг Пауер Лестер славеше убедливо со 3:1 против Кристал Палас. Во првото полувреме Муса му донесе водство на домашните. Оказаки и Фукс зголемија на 3:0. Кабаје ги постави конечните 3:1.

    Винстон во 95-та минута му донесе победа на Вест Хем и Билиќ против последниот на табелата, Сандерленд.

    Арсенал – Мидлзбро и Свонси – Вотфорд одиграа без погодоци и ги поделија бодовите.