Лестер купува играч на Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неефикасноста на нападот беше голема причина за падот на формата во ланската сезона на тимот на Лестер Сити. Затоа купувањето на напаѓач беше главна цел за ова трансфер лето.

 

Според изјавите на менаџерот на тимот, Крег Шекспир, тие се блиску до потпис на талентираниот напаѓач на Манчестер Сити, Келечи Иеаначо. Понуда за него имаше доставено и Вест Хем, но тој експресно ги одби.

Иеаначо е 20-годишен играч кој минатата сезона ретко добиваше шанса да настапува за тимот од Манчестер. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола претходно изјави дека Иеаначо е на “излезна врата” од тимот и чекаат понуди за него.

 

За Келечи Иеаначо трансферот во Лестер изгледа како одлична шанса за тој да добие минутажа а притоа да не мора да се сели надвор од Премиер лигата. Висината на трансферот сѐ уште не е договорена но се очекува тоа да биде познато веќе на почетокот од следната недела.

 

За тимот на Манчестер Сити, Келечи Иеаначо минатата сезона имаше 20 настапи но повеќето од нив беа од клупата. Тој постигна 4 гола.