Лестер правеше чуда во ПЛ, а сега е најголемо чудо во ЛШ!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Каков магичен тим на Клаудио Раниери, па тоа го можат само тие!

    Лестер ја забележа и третата победа по ред во ЛШ и сега со девет бодови и и гол разлика 5:0 го зазема убедливо првото место со пет бода повеќе од Порто и Копенхаген.

    Неверојатно, но Лестер во овој момент има ПОВЕЌЕ бода во ЛШ отколку во Премиер лигата, каде што има осум, односно еден помалку, на дури пет меча повеќе.

    Лестер во овој момент е ЕДИСТВЕН лидер во својата група, кои во националното првенство има помалку бодови отколку во ЛШ.

    Покрај тоа, чудото на Лестер најдобро го опишува и податокот дека во последните три кола дури не ни мораат да победат за да поминат во осмина финалето на ЛШ.

    На Лестер е потребно да одигра три реми, или да забележи само една победа на гостувањето кај Копенхаген и Порто, односно дома со Клуб Бриж.

    Покрај тоа, после нецолосното трето коло од ЛШ, ниеден тим не може да се пофали со подобра состојба на табелата, бидејќи во овој момент, во групата Е, Ф, Г и Х владее далеку повеќе неизвесност.

    Реал и Дортмунд, односно Јувентус и Севиља имаат по седум бодови во своите групи, додека посебно госто е во групата Х каде што по бод разлика е меѓу Монако, Тотенхем, Леверкузен и ЦСКА.

    Нема дилема, Лестер ќе го гледаме и напролет во Ероп. Какви две историски години за англискиот тим!